Ако се обединат, ќе добијат повеќе општини – Беса и ДУИ подготвени за соработка, АА-ААА со прашалници

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Заев единствен кандидат за претседател на СДСМ

До денеска до 16 часот, само актуелниот лидер на СДСМ Зоран Заев, поднел кандидатура за нов мандат како претседател...

Левица со протестно писмо до Шпанската амбасада во Македонија

Партијата Левица упати протестно писмо до Шпанската амбасада во Македонија. Причината е поради одредена затворска казна за раперот Паоло...

Филипче: Состојбата со доктор Јота е стабилна во моментов

Министерот за здравство, Венко Филипче, на својот „Фејсбук“ профил ја соопшти состојбата со дигестивниот хирург, доктор Ѓорѓи Јота. Тој...

Маричиќ: Голем ден за правната држава и владеењето на правото

Ова е голем ден за правната држава и за владеењето на правото, вака министерот за правда Бојан Маричиќ го...

Една година од првиот случај со коронавирус, од тогаш 90.685 позитивни пациенти, 3.111 починале

Помина една година од првиот регистриран случај со Ковид 19 во Северна Македонија. Првата заразена пациентка беше 50 годишна...

Движењето Беса се подготвува сама да настапи на локалните избори, но остава отворена врата за соработка со албанските партии, особено во општините со кои може да раководат Албанци, доколку се спојат гласовите, вели првиот човек на Беса, Биљал Касами.

„Имаме општини, како што е општина Брвеница, Бутел, Чашка, каде Албанците… Општината Брвеница ќе можат да ја зачуваат или и о.Кичево каде ние како Движење Беса сме подготвени да седнеме и да разговараме со сите албански политички партии за да не се доведе во прашање дали со неа ќе раководи Албанец… Ќе ја разгледаме можноста за првпат една општина да биде водена од Албанци, како што е на пример о.Чашка или о.Бутел“, истакна Биљал Касами. 

Арбр Адеми од ДУИ, вели дека се подготвени за вакви соработка со цел обединување на албанскиот политички фактор.

„За фаворизација на Албанците и нивниот глас да биде поважен. И во минатото имаше вакви соработки, со заеднички листи за советници во Битола, Преспа, Гази Баба, и ова уште еднаш ги потврдува исправите политики и визија на претседателот Али Ахмети за соработка со Албанците и да не се разделуваме во повеќе политички партии“, вели Арбр Адеми.

Скендер Реџепи од коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива, вели дека се отворени за соработка со албанските партии за локални избори, но додава дека не им останала ниту една опција, бидејќи сите се на власт.

„Со оглед на тоа дека ДУИ е на власт, и другите се исто така на власт, нам како коалиција АА-ААА ни остана сами да се натпреваруваме на локалните избори. Без сомнение ќе ги добиеме албанските општини, немаме потреба од сателитски субјект кои својот идеал го „претопија“ во други политички субјекти“, додава Скендер Реџепи.

Локалните избори се очекува да се одржат на 3 октомври. Во моментов СДСМ раководи со 56 општини, ДУИ со 10, ВМРО-ДПМНЕ со 5, Алијаса за Албанците со 3, Беса, ДПА и ДПТ со по една, а со три општини раководат кандидатите предложени од група избирачи.