Возачите кои користат бензин од утре ќе точат гориво по пониски цени, додека оние што возат дизел ќе плаќаат повеќе. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги утврди новите максимални малопродажни цени, со кои бензините поевтинуваат за 2,5 денари за литар, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за два денари.
Со новата одлука, литар Еуросупер БС-95 ќе чини 96 денари, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава за 98 денари.
За возачите на дизел, пак, новата цена ќе изнесува 99 денари за литар. За два денари поскапува и екстра лесното масло за домаќинство ЕЛ-1, чија цена ќе достигне 110,50 денари за литар.
Промена има и кај мазутот М-1 НС, кој поскапува за 1,837 денари за килограм. Со тоа, неговата нова малопродажна цена ќе изнесува 53,579 денари за килограм.
Новите цени се утврдени во однос на претходната одлука на РКЕ од 13 октомври 2026 година.
