Ако се заразите по 11 октомври, нема да можете да гласате – рокот за пријавување на ковид лица е до понеделник до 12 часот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Сите оние граѓани кои што ќе бидат позитивни на Ковид 19 или инфицирани по 11 октомври нема да можат да гласаат затоа што според законскиот рок сите заразени со Ковид 19 може да се пријават до понеделник до 12 часот. Доколку, според груба пресметка , аков во просек на ден имаме околу 400 лица заразени со Ковид 19, 2500 граѓани потенцијални гласачи нема да можат да го остварат правото на глас. Претседателот на ДИК Александар Даштевски вели дека допрва ќе треба да размислат за тие лица кои ќе се заразат по 11 октомври како ќе гласаат.

„Законското решение е тоа да се пријават најкасно 5 дена пред изборите. Може да се случи тие кои ќе се заразат по 11 октомври да не гласаат? Епа тоа ви викам тоа е законското решение, ние постапуваме по закон така што не можеме да го промениме. Значи дека нема да гласаат? Па не знам законското е 5 дена пред изборите да се пријават сите инфицирани за другите ќе размислуваме покасно“, вели Даштевски.

А пак утре на полноќ завршува пријавувањето до општинските изборни комисии за гласање на болните и немоќните. Гласачите кои се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор ќе можат да го извршат своето граѓанско право преку овластен полномошник откако ќе ја известат ОИК најдоцна три дена пред денот определен за гласање 13 октомври.

„До седум ќе биде гласањето. Тоа е уредба на Владата со законска сила сега си трае нормално но мислам дека како што беа прогнозите дека до крајот на септември ќе опаѓа бројот, мислам дека се остваруваат тие прогнози, има се помалку заразени а се повеќе оздравени. Да се надеваме дека така ќе остане до изборите“, рече Даштевски.

Денеска пристигна и последната пратка од терминалите за гласање на претстојните локални избори. За прв пат гласачите ќе се идентификуваат со читач на отисок од прст. Болните и изнемоштените лица нема да се контролираат преку терминали туку тие ќе гласаат како порано со УВ ламба и спреј.