Екс специјалната обвинителка Катица Јанева истакна дека предметот „Империја“ требало да добие завршница пред таа да замине во притвор, а сега дека нема ништо од тој предмет ниту од другите истраги.
„Излезе дека само Катица Јанева треба да одговора. Нека одговарам. Еве сум, тука сум, повелете, ќе издржам до крај. Ако треба да одговорам со тоа што после четири години обвинив функционери, ќе одговарам. Ако тоа ја задоволи правдата во Македонија, и јас сум задоволна“, рече Јанева која уште еднаш потврди дека не примила никакви пари да му ја олесни положбата на Камчев во било кој предмет, ниту за издавање на времена патна исправа.
