Актерот Алек Болдвин уби жена и го рани режисерот за време на снимање на филм

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Испалувајќи куршум од пиштол, познатиот актер Алек Болдвин за време на снимање филм во Ново Мексико, ја уби директорката на фотографија Халина Хатчинс и го рани режисерот Жоел Соуза, соопшти полицијата.

Инцидентот се случил на снимање на филмот „Раст“ (во превод ‘Рѓа), пишува во соопштението.

„Канцеларијата на шерифот потврдува дека во две лица е пукано на снимање на филмот „Раст“. Директорката на фотографија Халина Хатчинс (42) и режисерот Жоел Соуза (48) се погодени кога куршум од реквизит го испалил продуцентот и актерот Алек Болдвин“, пишува во соопштението.

Хатчинс е пренесена со хеликоптер во болница во Универзитетот Ново Мексико, каде што е прогласена за мртва, додека Соуза е пренесен во регионалниот медицински центар, пренесува Си-Ен-Ен.