Актуелниот нелегален пешачки премин кај Бит Пазар ќе биде уреден – Ѓорѓиевски: Ќе се постават семафори и бели линии

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вели дека актуелниот нелегален пешачки премин кај Бит Пазар ќе биде уреден. Според него, по барање на граѓаните, особено на повозрасните лица кои имаат потешкотии да го користат надвозникот, се подготвува проект за безбеден пешачки премин. Ќе се постават семафори и ќе има уреден пешачки премин.

„Кога мнозинството граѓани одлучија дека е подобро и за бизнисите таму, но и поедноставно, особено за повозрасните граѓани, кои не можат и физички не се во состојба да го користат надвозникот за пешаци, тогаш се договоривме со Јавното претпријатие „Улици и патишта“, со „Сава“ Скопје, врз основа на анализите и во согласност со законот, да се изработи проект за безбедно обележување на тој пешачки премин. Таму ќе се постават семафори за пешаци, кои ќе бидат поставени на таков начин што нема да се создава хаос во сообраќајот. Така што, дефинитивно, ова го спомнав и во медиумите во овој период. Таму ќе се постават семафори и ќе има уреден пешачки премин“, вели Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје.