„Албанија нема да постави никаков услов за влез во земјата за време на летните одмори“, најави Рама

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот на Албанија, Еди Рама рече дека Албанија нема да наметнува никакви услови и пречки за оние кои оваа година сакаат да дојдат на летување во земјата.

Тоа би значело дека сите граѓани кои ќе сакаат да одат во Албанија, ќе немаат потреба ниту од потврда за вакцинација, ниту од ПЦР тестови.

„Албанија нема да постави никаков услов или пречка на сите оние кои сакаат да дојдат во Албанија на летување“, рече Рама.