Албанија: Расте незадоволството од воведениот карантин за лицата кои влегуваат во земјата од С. Македонија и Грција

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Албанскиот претседател Илир Мета ги повика Владата, Техничкиот комитет на експерти за справување со пандемијата и Централната изборна комисија под итно да ја укинат одлуката со која за сите лица кои влегуваат од Северна Македонија и од Грција задолжителен е двонеделен карантин.

На прес – конференција, шефот на државата со остар тон рече дека ова е сериозен неуставен акт за спречување на албанските емигранти да учествуваат на изборите.

-Спречувањето на албанските емигранти од Грција да гласаат е тежок, неуставен акт. Образложението за попречување на илјадници наши сонародници е лажен изговор, научно неоснована, апсурдна, политичка злоупотреба на пандемската состојба од страна на партија на власт. Ова е срамна фарса за дијаспората да се вклучи во изборите. Тие не само што не се вклучуваат во гласањето таму каде што се, туку не им е ни дозволено да доаѓаат тука, рече Мета.

Додавајќи ќе „овие можат се “ обвини дека во официјалната статистика не се впишани околу 10 илјади смртни случаи предизвикани од вирусот.

-Упатувам итен апел до владата, изманипулираниот Комитет на експерти и ЦИК веднаш да ја укинат оваа забрана, што претставува флагрантно неуставно дејствие, посочи Мета.

Барање за укинување на оваа одлука има и од здруженијата на албанските емигранти во Грција, кои испратија писмо до Мета, како и дел од опозициските политички партии во Албанија, кои сметаат дека одлуката е намерна „за да се спречи доаѓањето на емигрантите да гласаат на изборите на 25 април“.

Партијата Движење за социјалистичка интеграција, на Моника Круемади, одлуката ја обжали во Управниот суд.

Укинување на одлуката под итно побараа и лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција и пратеник во албанскот парламент, Васил Стерјовски, како и Македонското друштво „Илинден“-Тирана, кои одлуката ја оценија како избрзана и погрешна.

-Оваа одлука економски ги погодува жителите кои живеат на албанско – македонската граница од Преспа до Голо Брдo, кои, искористувајќи ја близина на границата со Македонија своите животи ги имаат поврзано со сезонска работа и други активности во пограничните региони на Македонија, стои меѓу другото во реакцијата.

Албанските емигранти кои живеат и работат во Грција, поради затворените гранични премини за да стигнат во Албанија, минуваат низ македонска територија и во матичната земја влегуваат главно преку преминот Ќафасан, кај Струга, поради што фекфенцијата на овој премин веќе подолг период е за неколкупати поголема.

Во помал процент фрекфенцијата е зголемена и на другите гранични премини на македонско – албанската граница, преку кои минуваат емигрантите од населените места во близина на премините.