Албанија се одвојува од Македонија на пат кон ЕУ, Муртезани за ТВ21: Официјално се уште немаме најава

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Откако амбасадорите на земјите од ЕУ одлучија да започнат преговори со Албанија за членство во ЕУ, додека Македонија нема да биде дел од нив, министерот за европски прашања Орхан Муртезани за ТВ21 изјави дека немаат официјална најава.

„Официјално се уште немаме најава“, изјави Орхан Муртезани за ТВ21.

Инаку според информациите, тоа ќе се случи на 15 октомври во Луксембург, во рамките на Меѓувладината конференција „ЕУ-Албанија“. Тогаш ќе се отвори поглавјето Основни прашања.