Албанската опозиција не се согласува со предлог измените ма КЗ каде се предвидува намалување на казните за функционерите во случај на “злоупотреба на службената позиција“. Според нив, ова се прави со цел враќање на екс премиерот Никола Груевски во Македонија. Сомнежите на опозицијата се дека токму Груевски го отворил предметот Титаник каде може да се добие казна и до 10 години затвор, а со новите измени, тој може да добие само три години. Груевски е казнет и во многу други предмети, а како што вели Зендели, сите тие казни паѓаат во вода, а за истите, тој може да бара повторно судење со новиот закон.
„Инаку таквите законски измени ги побара токму ВМРО-ДПМНЕ во 2018. Во следната 2019, како што објавува порталот Порталб, адвокатот на Миле Јанакиески и Никола Груевски, достави иницијатива до Уставен суд за укинување на параграф 5 од член 353 од КЗ а кој се однесува на кривични дела при јавна набавка, или оштетување на државниот буџет. Токму овој параграф се брише сега со предлог на владата.“, изјави Фадиљ Зендели.
Овие законски измени, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги гледа од друга перспектива.
Предлог измените се доставени во Собрание со европско знаменце, значи ќе се дискутира во Комисијата за европски прашања, што подразбира дека дебатата ќе трае само 2 дена.