Албанскиот јазик официјален во Гази Баба?! Градоначалникот уверува дека се работи и дека законот ќе се почитува

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пописот на населението покажа дека во општина Гази Баба, Скопје,има над 20% Албанци. Ова според закон наложува албанскиот јазик да биде службен во оваа општина. Градоначалникот Бобан Стефковски, кој е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ вели дека се работи на тоа.

Советникот во општината, од редовите на ДУИ, Сафет Адеми, вели дека се уште не е одреден временски рок за спроведување на законот, но според него, се очекува набрзо албанскиот јазик да се спроведе во сите активности на општината.

Директорот на Агенцијата за употреба на јазиците, Илбер Села, вели дека за спроведување на двојазичноста потребно е да се преземат мерки веднаш по објавувањето на резултатите од Заводот за статистика.  Села додава дека градоначалникот на Гази Баба ветил дека ќе почне со реализација.

Директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Фатмир Исени, кој треба да мониторира дали се почитува двојазичноста, за ТВ21 рече дека оваа општина не е во годишниот план на Инспекторатот, но уверува дека во планот за 2023 ќе се земат предвид резултатите од пописот на населението.

Инаку пописот на населението од 2021 покажа дека во гази Баба живеат над 20,46% Албанци, за разлика од 2002 кога во оваа општина имаше 17,2% Албанци.