Александрова за ТВ21: На ВМРО-ДПМНЕ и требаат сериозни реформи, што поскоро (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пратеничката од независната група на ВМРО-ДПМНЕ Емилија Александрова, за ТВ21 ги одби како неосновани сите обвинувања од страна на партијата дека се врши притисок за да се гласа за Законот за ЈО.

„Одбивам такви коментари од ВМРО-ДПМНЕ и загрижена сум на нивниот однос кон евроинтеграциите на земјава. Овој нивен однос е мал отпор, колку да се влезе во суштинска дебата. Ние транспарентно влеговме во овој процес, и многу придонесовме за забелешките кои ВМРО-ДПМНЕ ги предлагаше, и со нивните напади покажаа дека единствен интерес им е само политиката и како да се најде на власт. Треба да почнат да се занимаваат со одност кон државата, и партијата лично како партија да добива гласачко тело. Треба многу реформи во ВМРО-ДПМНЕ, и се надевам дека ќе се случат наскоро, ваков правец сметам дека се нанесува само штета.

Очигледно Мицкоски не покажа државнички капацитет за крупните работи, што поскоро да го смени начинот, да мисли и кон државата, да биде вистински лидер и политичар, како што ВМРО-ДПМНЕ заслужува“, вели Александрова за ТВ21.