Од Алијанса за Албанците реагираат по повод настанот на кој ДУИ отвори училиште во Мала Речица. Од паријата велат дека челници на ДУИ само ги злоупотребувале децата за да ја измамат јавноста.
„Основното училиште „Наим Фрашери“ во Мала Речица, стана нова измама на Општина Тетово, градоначалничката Теута Арифи и ДУИ како партија.
Вчера импровизираа отворање на ова училиште со само една училница, злоупотребувајќи група на деца за да ја измамат јавноста и измамувајќи дека училиштето е завршено за една година. Вистината е сосема поинаква, многу поболна и посрамна. Училиштето не се отвора ниту оваа година, а медиумите ќе можат да го потврдат тоа секој ден. Учениците на Мала Речица и оваа година изгледа како ќе посетуваат настава во централното училиште „Наим Фрашери“ кое е оддалечено неколку километри, училниците сеуште не се систематизирани, додека последните информации отвораат многу дилеми.
За сето ова сакаме јавно да ја прашаме локалната и централната власт, дали е извршено техничкото предавање на училишната зграда и дали се завршени сите работи и инсталации во училиштето?“, прашуваат од Алијанса за Албанците.
