Партијата на Гаши, Алтернатива, се очекува следниве денови да ги објави имињата и за другите позиции што ги доби.
ТВ21 неофицијално од внатрепартиски извори ги дознава имињата на уште неколку носители на многу важни функции.

Во ДУИ не се очекува да има големи измени, освен Јетон Шаќири кој од Информатика заминува во земјоделство. Неофицијално се дознава дека Арменд Фазлиу, екс шеф на кабинетот на Теута Арифи, се очекува да биде назначен за економски директор на Клиничката болница во Тетово, а и екс директорот на ЈП Паркови и Зеленило, Ардијан Муча кој се очекува да биде назначен за директор на Агенцијата за вработување. ТВ21 контактираше со Муча но тој негираше дека му била официјално понудена оваа функција.
Инаку СДСМ оваа недела ќе одржи состанок на централниот одбор, и потоа ќе биде појасно како ќе изгледа новата влада која треба да се формира пред Нова Година. Новиот кабинет на премиерот се очекува да го формира новиот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски. Ковачевски соопштил дека ќе го предложи Миле Зечевиќ за генерален секретар на СДСМ. ТВ21 од партиски извори дознава дека новиот вицепремиер за евроинтеграции во новата влада ќе биде актуелниот министер за правда, Бојан Маричиќ, а актуелната директорка на УЈП, Сања Лукаревска се очекува да добие министерско место.
Неофицијално, Петре Шилегов ќе биде на министер за транспорт и врски што значи дека од оваа функција си заминува Благој Бочварски. Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска и министерката за образование, Мила Царовска нема да бидат дел од новата влада. Неофицијално дознаваме дека од владата ќе си замине и вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, вицепремиерот за европски прашања, Н икола Димитров, како и министерот за правда Бојан Маричиќ. Се уште не се знае дали ќе остане во влада првиот човек на МВР, Оливер Спасовски.
