Прашањето за вклучување на АА во влада не ја загрижува партијата на власт, Алтернатива. Според секретарот на оваа партија, Зеќирија Ибрахими, влегувањето на опозициската АА во власта и е само од полза на ДУИ поради, како што рече, таканаречената Огнена група која може да си замине.
-Оваа влада функционираше во ист број и минатата година ова време. Ги има бројките за стабилно мнозинство, единствената партија кај која се нишаат овие бројки е ДУИ поради таканаречената Огнена група, која може да си замине. Доколку АА влезе да ја компензира загубата на таа бројка од ДУИ, тоа е нивен проблем, ние не можеме да посредуваме, вели Зеќирија Ибрахими, секретар на Алтернатива.
Во случај да влезе АА во влада, Ибрахими вели дека не се подготвени за размена или давање министерства. Како што вели тој, нека ги угости ДУИ.
-Секако дека тие што ги канат треба да ги угостат, изјави Ибрахими.
Ниту лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски ниту претседателот на Интегративците, Али Ахмети не се консултирале со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши за преговорите со Таравари. Ова го потврди Ибрахими а и Ковачевски рече дека лесно ќе се постигне согласност од Алтернатива по ова прашање.
Премиерот Димитар Ковачевски рече дека доколку преговорите продолжат во позитивен дух како до сега, ладината коалиција може да се прошири, додавајќи дека се уште не е разговарано за поделба на ресорите.
