Амбасадата на САД во Киев предупреди на зголемени закани од руски дронови и ракети

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Амбасадата на САД во Киев денеска на својата веб-страница издаде предупредување до американските граѓани во Украина дека се зголемени заканите од руските ракети и беспилотни летала, чија цел е критична цивилна инфраструктура во таа земја.

„Амбасадата на САД во Киев ги повикува американските граѓани да бидат претпазливи. Сите граѓани на САД треба да ги следат предупредувањата на украинската влада во врска со воздушните напади и да ја следат доверливата апликација „воздушно предупредување“ на нивните мобилни телефони“, се вели во соопштението на Амбасадата на САД.

Во него се посочува дека „американските граѓани треба да ги почитуваат сите владини полициски час и брзо да ги следат упатствата и да бараат засолниште за време на воздушните напади“, а предупредувањето за зголемени закани од руските беспилотни летала и ракети важи за сите области во Украина.