Амбасадорот Гир за бегството и појавувањето на Сашо Мијалков

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во „10 МИНУТИ“ на ТВ21, гостин ни беше евроамбасадорот во Скопје, Дејвид Гир.

Разговаравме на различни теми, а евроамбасадорот даде свој коментар околу бегството и појавувањето на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков.

Тој не сакаше да го коментира овој случај поединечно, но го коментираше владеењето на правото општо.

„Секако дека ние одблиску ги следиме настаните, и не коментираме истраги за индивидуални случаи. Тоа значи дека ја гледаме одговорноста за сите погрешни постапки вклучувајќи и ваквите случаи, а тоа се и случаите покренати од Специјалното јавно обвинителство. Начинот на кој се справуваат, резултатот, ќе биде важен во надградбата на довербата“, рече Гир.

Евроамбасадорот Гир додаде според последниот извештај на ЕУ за реформите во Северна Македонија издаден минатата година, стои дека има постојан напредок, но и покрај тоа се истакнуваат и областите во кои се потребни уште повеќе реформи.