Вака изгледа влезот на станбена зграда на улицата „Џон Кенеди“ во Чаир. На првиот кат е сместена приватна Амбуланта по општа медицина и Оддел за физикална терапија. Дел од жителите кои живеат тука се жалат дека нивните деца постојано се изложени на секакви болести и вируси, поради тоа што секојдневно за лекување во амбулантата доаѓаат по стотици пациенти, кои притоа фрлаат и секаков отпад.
-Се соочуваме со разни проблеми, особено кога ќе дојде сезоната на вируси. Постојано децата се со вирус, бидејќи секојдневно се сретнуваат на влез, во ходник, во лифт. Вчера син ми беше на контрола, веќе две недели не оди на училиште. Лекарката вели уште две недели да седи дома, бидејќи треба да се изолира од контакти со вируси или други болести. Не можам да го тргнам син ми од влезот, бидејќи е на жителите, а го користат и пациентите кои доаѓаат на физикална терапија, но и во амбулантата за педијатрија-вели жител на зградата.
„50% лифтот го користат нивните пациенти. Ѕвончето што е поставено, пациентите нѐ вознемируваат, бидејќи немаат свое, или нека постават некоја ознака дека ова е Амбуланта, за пациентите да ѕвонат на нивното ѕвонче. Се будиме постојано. Тие работат во две смени и не можеш кога ќе дојдеш од работа да се одмориш, бидејќи бројот на пациентите е исклучително голем.“.
Сопственичката на амбулантата, Марија Христова вели дека не може да влијае врз културата на пациентите. Како што вели, во оваа зграда работи веќе 13 години, а во нејзината амбуланта се лекуваат стотици пациенти.
Зградата е 7-катница, на секој кат има по 5 стана, со вкупно 35 семејства. Дел од нив доставиле петиција до општина Чаир и очекуваат да се разгледа случајот и да се изнајде решение за жителите од оваа зграда.
