Анализа на Бизнис21: Како се движеле цените на становите во изминатите години?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За да се купи само еден метар квадратен од стан во Скопје се потребни три месеци работа – под услов да е платена колку просечната плата од околу 40.000 денари. А другиот услов е да не се потроши ниту денар од неа.

Тоа значи дека годишно со ваков метод, можат да се купат 4 квадрати во центарот на Скопје. Математиката покажува дека за 80 квадрати стан, се потребни над 160.000 евра или 240 месеци или 20 години работа, под услов да се заштедува цела една просечна плата секој месец во тие 20 години. И да не се земе кредит од банка, зошто така растат годините за исплата на стан.

Анализата на „Бизнис 21“ покажува дека ако пред пет години беше тешко,сега е претешко да се купи стан во метрополата.

Во продолжение погледнете ја целата анализа на „Бизнис21“ за тоа колку пораснала цената на становите.