Анчелоти демантира дека ќе замине од Реал Мадрид на крајот на сезоната

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Само еден ден откако шпанските медиуми пишуваа дека Карло Анчелоти е последна сезона дел од Реал Мадрид, и дека по крајот на шампионатот ќе си замине од клупата на „кралевите“, стигна демант од искусниот италијански стручњак.

„Не сум донел одлука да заминам од Реал Мадрид. Напротив, би сакал да останам тука уште четири години, заедно со претседателот Перез до 2029 година“, рече Анчелоти.

Анчелоти има договор со Реал Мадрид до 2026 година. На клупата на Реал е од 2021 година и тоа во неговиот втор мандат. Претходно беше дел од „кралевите“ од 2013 до 2015 година. Со кралскиот клуб има освоено три пехари во Лигата на шампионите.