Советничката од Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека никој не го прашал поранешниот градоначалник Петре Шилегов зошто ништо не направил за Скопје.
„Зошто никој претходно не го праша Шилегов зошто за 4 години не направи ништо во оваа насока, него сега за 2-3 месеци не прашувате нас“, запраша Андоновска.
На ова Советникот од редовите на СДСМ, Гордан Шутаров посочи дека токму ова е класичната матрица на делување на ВМРО-ДПМНЕ.
„Мене ми е жал што и после толку години не се излегува од оваа матрица на делување“, додаде Шутаров.
