Андоновски: Не би рекол дека се откажуваме од ЕУ, имаме направено голем напредок во реформската агенда

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски изјави дека државата не се откажува од европскиот пат, но нагласи дека секој следен чекор мора да биде проследен со јасни гаранции.

Во гостување во емисијата Клик Плус на ТВ21, Андоновски посочи дека земјава активно работи на реформите и ги исполнува обврските кои ѝ се поставени.

„Не би можел да кажам дека се откажуваме од ЕУ, колкав напредок имаме направено дома во врска со реформите, можам да кажам дека ги исполнуваме задачите кои ни се дадени како државата. Нашиот став е принципиелен и се држиме дека било каква промена и чекор од македонска страна ќе мора да биде со гаранција. Немаме отпочнато преговори, не отвораме кластери, а од нас цело време се бараат некои отстапки, на штета на македонските национални интереси“, изјави Андоновски.