Андов: Викенд отсуството во текот на месецот не може да биде подолго од три дена

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Директорот на КПУ Затвор Скопје, Филип Андов денеска за ТВ21 одговори во врска за осудените лица Арсим Бајрами, Мусадик Пајазити и Елхам Арифи кои според нивните роднини исполнуваат услови за викенд отсуство, но истото не им се одобрува.

„Ве известуваме дека согласно Правилникот за куќен ред на осудените лица кои издржуваат казна затвор во казнено-поправна установа, отсуството до 15дена во текот на годината, со тоа што отсуството во текот на месецот не може да биде подолго од три дена, е вид на погодност на осудените лица која им се одобрува по исполнување на определени услови предвидени во Правилникот, но и во зависност од текот на процесот на ресоцијализација како што е добро поведение и залагање во работата, поттикнување на добро однесување и развивање на чуства на одговорност, интерес и соработка во третманот што се спроведува во установата“, посочува Арсов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: