Николоски на увид во реконструкцијата на „Рудничка“ во Кичево: Над 360 милиони денари директна поддршка за инфраструктурниот развој на општината

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски престојуваѓе во Кичево, каде заедно со градоначалникот Александар Јовановски и пратеникот Ѓорѓија Сајкоски, извршија увид во градежните работи за реконструкција на улицата „Рудничка“.

„Ова е проект што го реализираме преку Министерството за транспорт, во соработка со Општина Кичево, за што инвестираме околу 30 милиони денари. Еден дел од улицата веќе го работиме, додека претходната фаза е завршена со поддршка на Светска банка“, објави Николоски.

Како што напиша во објавата на неговата официјална ФБ страница, Кичево е приоритет за Владата, со над 360 милиони денари директна поддршка насочени кон инфраструктурниот развој на општината.

„Тоа се конкретни проекти, за подобри улици, за подобра инфраструктура и поквалитетни услови за живот на граѓаните.
Кичево има огромен развоен потенцијал и со изградбата на автопатската делница Охрид – Кичево и понатаму кон Букојчани, Гостивар и Тетово, отвораме нови можности за економски развој, инвестиции, бизнис и нови работни места“, напиша Николоски.