Ангелов: Чадењето од Дрисла е значително намалено, затрупувањето продолжува и утре

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Директорот на дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, попладнево информираше за ситуацијата со депонијата Дрисла. Тој рече дека чадењето е значително намалено и дека останува уште да се дозатрупа помалку од една третина од опожарената површина.

„Чадењето од депонијата Дрисла е значително намалено. Изработен е дополнителен земјен пат со кој е отсечен ѕидот на депонијата од заезерената површина со отпадни води полни со запаливи гасови, која сеуште чади но во неспоредливо помал обем во однос на првиот ден. Затрупувањето продолжува и утре, преостаната е помалку од третина од почетно опожарената површина“, информира Ангелов.