Англичанката Нина Фароки била воодушевена кога нејзината пријателка освоила две карти за полуфиналниот меч меѓу Англија и Данска, и ја поклил нејзе едната.
Меѓутоа Нина од Брадфорд тој ден требало да биде на работа. Со оглед дека не можела да добие слободен ден, одлучила да го излаже шефот дека е болна, за да може да замине на стадионот „Вембли“.
Се отишло лошо по планот, додека режисерот на ТВ преносот не ја прикажал неа како го слави израмнувачкиот гол за селекцијата на Англија. Следното утро добила повик од шефот кој и врачил отказ.
„Ова е возбудливо време за сите во Англија, и би го поддржиле секој кој сака да замине на таков важен натпревар ако има шанса. За жал во овој случај нашата вработена лажела дека е болна и со тоа го прекршила договорот за работа. Немавме друг избор освен да и дадеме отказ. Нашата фирма како и многу други во Англија на своите вработени ќе им даде слободно утро во понеделник за да се опоравиме од, се надеваме, големото славје после победата на Англија“, рече нејзиниот шеф Чарлс Тејлор.
