Антикорупциска за одлуката на Уставен суд да ја врати целата плата: „Нема судир на интереси“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Остри критики во јавноста предизвика одлуката на Уставниот суд со кој се запре уредбата на Владата со која сите именувани функционери, пратеници, министри, но и судии и обвинители да се стават на минимална плата за време на кризата со корона вирусот. Од Владата уште веднаш реагираа и рекоа дека ваквата одлука е скандалозна, а голем број функционери јавно се обврзаа дека ќе се откажат од целата плата и ќе земат минималец. Самиот факт што тие со ваквото постапување донеле одлука за самите себе, се наметнува и прашањето дали тука има судир на интереси во одлучувањето. За овој случај антикорупционерите уште денеска расправаа и велат дека за нив не е спорно самото постапување на уставните судии.

„Антикорупциска смета дека не постои судир на интереси кај уставните судии во конкретното постапување. Уставниот суд е единствен орган кој ја штити уставноста и законитоста и одлучува за согласноста на законите со Уставот. Затоа сметаме дека во овој случај не е надвладеан личниот интерес во вршењето на службената должност“, велат од антикорупциска Комисија.

Според Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнел правилата за судир на интереси во судството се регулирани во Законот за судовите, но како и да е, уставните судии најнапред требале да расправаат дали може да одлучуваат и како треба да постапат. Сепак вели дека и владините уредби се под прашање колку се уставни бидејќи навлегува во независноста на судството кој има независен судски буџет.

„Уставниот суд има мандат и надлежност да расправа а не ги разреши претходно и сега ги доведоа и нив во ситуација да одлучуваат сами за себе и ја доведоа во прашање легитимноста на таквата одлука иако таа е легална, значи е конечна, меѓутоа станува збор за одлука и која е за решавање на лични прашања на луѓето кои што учествуваат во донесувањето на таа одлука.“, вели Тасева.

Но, наспроти одлуката да си ги вратат платите при што тие се повикуваат на уставната норма за заштита на човековите права, уставните судии им ја укинаа можноста на вработените од поранешното СЈО да земат плати, откако ја запреа и оваа владина уредба. Тасева вели дека од една страна тука има прашање разлика во постапувањето особено кога Уставниот суд треба да претставува заштитник на човековите права.