ЈП Паркинзи на Општина Центар, минатата недела со „пајак“ отстраниле 123 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, соопштија од ова јавно претпријатие.
„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, велат од ПОЦ.
