Апасиев: Опозициските тенденции во земјава се евидентни, можеме да имаме парламентарни избори после локалниве

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на Левица Димитар Апасиев, вечерва рече дека се покажало опозициското расположение во земјата, и дека е задоволен од тоа што Левица го постигна на овие избори, односно има раст на бројот на гласови.

„Ние како партија ја остваривме целта, но општата тендеција е дека левичарското расположение е во нагорна линија. Хибридниот режим на Заев е пред крај. Останува вториот круг, мислам дека опозициските тенденции се евиденти и мислам дека можеме да имаме парламентарни избори после овие локални“, рече Апасиев.

Апасиев кажа дека принципелниот став е Левица да не коалицира предизборно доколку има предвремени парламентарни избори.

„Левица не коалицира, тоа е принципиелниот став. Но постизборно е можно. Сепак, има најави за ново парламентарно мнозинство, и таа опција е во игра. Но после ова нештата нема да бидат исти.“, изјави Апасиев кој најави дека партијата освои петмина советници во Град Скопје, а во целата држава од 50-60 лица на советничките листи.