Апсења во Црна Гора, „падна“ и полициски инспектор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Три лица, меѓу нив и полициски инспектор, уапсени денеска во Црна Гора за создавање на криминална организација, неовластено производство, држење и пуштање во промет на наркотици, примање поткуп, давање мито и перење пари, Соопшти државното обвинителство.

Како што соопштија од обвинителството, СЈО врши претреси во Подгорица и Бијело Поље.

„По наредба на Специјалното државно обвинителство, Специјалното полициско одделение спроведува итни доказни дејствија против повеќе лица во Подгорица и Бијело Поље, при што се лишени од слобода три лица, меѓу кои и полициски инспектор, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела создавање на криминална организација, неовластено пуштање во промет, неовластено пуштање во промет на дрога“, наведува Обвинителството.