Арбен Таравари или Бујар Османи? Зендели и Адеми кажуваат кој кандидат е подостоинствен за Албанците

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дебати и полемики помеѓу претставниците на албанските партии на власт и опозиција, во врска со тоа која промотивна конвенција на кандидатите за претседател беше подобро организирана и во која сала имаше повеќе народ. Коментирајќи го профилот на кандидатот за претседател на ДУИ, Фадил Зендели од ВРЕДИ, рече дека Бујар Османи е истрошен профил и во политичката сцена е познат од случајот „Пациентот„. Според Зендели единствената сличност меѓу Османи и Таравари е дека двајцата се лекари.

„Нема ништо ново во политичката сцена на Македонија, нешто што е истрошено, застарено, со еден збор со истечен рок. Со кандидатот на мнозинството на ДУИ, Бујар Османи, кандидат кој веќе е во политичката сцена и останува познат по случајот „пациентот“, можеби е единствениот албански функционер кој беше во лавиринтите на СЈО и благодарение на власта, на механизмите и инструментите на власта се спаси од постапките.“, кажа Зендели.

Арбр Адеми, од ДУИ, рече дека коалицијата ВРЕДИ не претставува никаква вознемиреност за ДУИ и не ги гледаат како конкуренција. Тој не го коментираше Таравари, но ги набори успесите на кандидатот Бујар Османи во текот на неговата кариера.

„Го знаеме господинот Османи како вицепремиер за европски прашања, во времето кога беше постигнат Договорот од Преспа, кој ги отвори вратите на нашата земја кон НАТО и како дел од тој договор станавме полноправна членка на НАТО. Господинот Османи како министер за надворешни работи ги започна преговорите за членство во ЕУ како резултат на постигнувањето на договорот за добрососедство со Бугарија и како резултат на постигнувањето на преговарачката рамка. Значи, тој има уникатно искуство во меѓународната арена, во преговорите и во постигнувањето важни меѓународни договори.“, вели Адеми.

Политичкиот аналитичар Сефер Селими вели дека двајцата кандидати за претседател се интелектуалци и и двајцата ќе бидат достоинствени кандидати за Албанците.

„Мислам дека и двете кандидатури се достоинствени, и двете содржат интелектуалци кои барем во првиот круг на дебати ќе бидат достоинствени претставници за Албанците. Посакувам да донесат ново ниво на комуникација и дебата со противниците од македонските партии.“, рече Селими.

Гостите во Клик Плус изразуваат скептицизам дека некој од кандидатите Албанци ќе успее да влезе во вториот круг на претседателските избори, додавајќи дека најдобро би било да се излезе со заеднички кандидат. Велат дека во вториот круг најверојатно ќе влезат Пендаровски и Силјановска Давкова.