Професорот на Факултетот за земјоделски науки и храна Златко Арсов, во „Бизнис21“ на ТВ21 дебатирајќи околу Законот за заштита од пушење, рече дека најголеми загуби ќе претрпат компаниите кои произведуваат и продаваат тутунски производи.
„Без разлика дали е на големо или мало, најголема штета ќе претрпат компаниите кои произведуваат и продаваат тутунски производи. Кога зборувам на мало, зборувам за маркети“, рече Арсов.
Тој кажа дека Министерството за здравство пред да го донесе предлог законот, морала да се консултира со експерти од тутунската струка.
„Не ми е јасно зошто министерството за здравство не се консултираше со луѓе од тутунската струка, кога го пишувале овој закон“, вели Арсов и додаде дека предлог-законот бара сериозна доработка.
