Арсовска: Мицкоски подобро е запознаен од мене – Ќе пропаднат ли 200 милиони евра за пречистителна станица?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

-Станува збор за проект вреден над 1 360 000 евра.

„Не, проектот е во вкупна вредност од 200 милиони вера. Од кои 130 милони евра се кредит, а 70 милиони евра е грант“.

„Инаку добро е да кажеме  дека овој проект е од 2019-та година, прочистителна станица за градот Скопје“

„Државата е кредитобарател на овој проект, не е воопшто градот“.

Тој многу подобро беше информиран за сите детали околу тендерската постапка од мене – изјави Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска во Клик Плус на ТВ21, мислејќи на Мицкоски и сомнителниот тендер од 136 милиони евра за пречистителна станица. Со таквите тврдења, Арсовска имплицира на директна вмешаност на Мицкоски во спорниот тендер.

„Токму во вашата емисија претставникот на опозициската партија  ВМРО-ДПМНЕ Бога ми и тоа како е запознаен со сите постаки со сите суми се она што се одвивало таму сметам дека е сериозна индиција за се она што се случувало таму.  Штом можел некој од надвор за нешто што е доверливо толку добро да е информиран ќе имаат органите во Македонија со што да се занимаваат во следниот период“, вели Данела Арсовска.

Се доведува под знак прашалник реализацијата на проектот вреден милионска сума со поддршка на Европската инвестициска банка. Мицкоски ја објасни детално постапката и вели дека е воден согласно правилата на ЕИБ.

„Таму има проектна единица каде има раководител кој е истиот оној кој е од времето на поранешниот градоначланик Петре Шилегов. Таму има петчлена комсија и еден член доаѓа од Министертсвото за животна средина, двајца доаѓаат од ЈП „Водовод и канализација и двајца доаѓаат од Градот Скопје. Тие пишуваат извештаи, ги праќаат до заемодавателот  во случајот тоа е Европската инвестициска банка  и ЕИБ во согласност со интерните правил аза ваков тип на проекти дали е во согласност или не“, вели Христијан Мицкоски.

На ова реагираа и од СДСМ, интитуциите да се фатат за работа:

„Надлежните институции да го расчистат овој случај, да ги истражат сите аспекти и одговорните да се соочат со соодветни санкции“, посочија од СДСМ.

Во ЈП „ Водовод и канализација“ веќе се влезени истражните органи, МВР, Финансова полиција, по налог на ОЈО.