Кога ТВ21 вчера ја праша Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, категорично одби да одговори за Универзална сала која веќе 7 години не е во функција. Денеска објасни дека интензитетот на работење е намален поради грешки во проектот и дека поради овие грешки проектот е небезбеден за граѓаните и работниците.
Градоначалничката на Скопје обвини дека претходното раководство продолжиле со активностите и покрај тоа што знаеле за проблемите.
Од Министерство за култура вчера изјавија дека нема никаков проблем со проектот за Универзална сала. Од СДСМ велат дека Арсовска веќе не знае како да се брани заради својата неспособност и започнува со целосни лаги за да го правда своето неработење.
Откако го стопираше проектот за иградба на Универзална сала и двомесечен молк за причините заради кои го стопирала проектот, денес излезе со целосна лага во јавноста. Целосно е неточно дека проектот за изградба на Универзална сала е небезбеден. Проектот е професионално сработен и одобрен низ повеќе постапки од стручни лица и целосно е безбеден, велат од СДСМ.
Инаку Арсовска изјави дека овој проект ќе продолжи да се спроведе но со безбедно решение за граѓаните, а ќе се зголеми интензитетот на работа откако ќе бидат отстранети сите детектирани проблеми.
