Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалиција, Даниела Арсовска, говорејќи околу јавниот превоз во главниот град, рече дека ако го добие мандатот, Скопје ќе добие 250 нови автобуси. Автобусите ќе понудат удобност за скопјани и ќе придонесат за почисто еколошко Скопје и поквалитетен живот, истакна таа, додавајќи дека на градот му се потребни брзи и сигурни решенија за проблемите со кои се соочуваат.
