Познати се четири екипи учесници во четвртфиналето од Лигата на шампионите. После вчерашната елиминација на европскиот вицепрвак Тотенхем од Лајпциг, денеска елиминација доживеа и Ливерпул, европскиот првак од минатата сезона.
Ливерпул на домашен терен победи со 1:0 над Атлетико, и со оглед дека истиот резултат беше и во Мадрид, натпреварот замина во продолженија. Таму Фирмино во 94 минута донесе 2:0, и се беше супер за Ливерпул. Меѓутоа брзо Љоренте со два гола донесе 2:2, и во тие мигови на европскиот првак му требаа два гола за поминување понатаму. Не само што не ги постигна, туку во 120 минута Мората донесе пресврт и победа за Атлетико, и пласман во следната фаза.
Борусија Дортмунд после 2:1 победата над ПСЖ во првиот меч, на реваншот вечерва во дуелот кој се одигра без публика, домашниот тим триумфираше со 2:0. Нејмар и Бернат донесоа триумф и пласман во следната фаза.
Вчера пласман во 1/4 финалето обезбедија Лајпциг кој со 3:0 го совлада Тотенхем, а Аталанта која со 3:4 славеше на гостувањето во Валенсија.