Авион удри во автобус при принудно слетување во Сао Паоло: Одекна страшна експлозија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Авионот удрил во автобус додека наводно се обидувал принудно да слета на улица во Сао Паоло.

Лесниот авион се урна околу 7:20 часот по локално време во Бара Фунда, во западниот дел на Сао Паоло.

Очевидци изјавиле дека слушнале експлозија и виделе голем облак од црн чад, пренесува Глобо.

Во автобусот во кој удрил немало патници.

Нејасно е колку луѓе имало во авионот, а засега нема информации за повредени.