Австралија: Со возило влетал во продавница и повредил 11 лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку 11 лица се повредени откако автомобил влегол во продавница во австралиското место Гринкарија во Нов Јужен Велс.

Возачот удрил друго возило, и потоа агресивно влетал во продавницата каде што имало луѓе.

Полицијата пристигнала брзо на местото на настанот, а возачот се однесувал непромислено, но успеале да спречат поголем инцидент.

Драматични снимки на очевидците, прикажуваат како возачот свири пред самофорот и влегува директно во продавницата.

Сударот се случил во 15:15 часот по локално време. Полицијата и натаму не коментира дали е само несреќа, или станува збор за терористички напад.