ЕУ планира забрана на социјалните мрежи, чет-ботовите и онлајн игрите за деца под 15 години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Европската унија ќе воведе забрана за користење социјални мрежи, платформи за споделување видеа, чет-ботови со вештачка интелигенција и онлајн игри за деца помлади од 15 години. Ова е предвидено во најсеопфатниот досега план за заштита на децата од ризиците на интернет.

Во документ на Европската комисија, до кој дошле медиумите, се изразува загриженост поради сè поголемото влијание на големите платформи, меѓу кои Фејсбук и Инџстаграм на „Мета“, ТокТок, Јутјуб на „Гугл“ и Чат ГПТ, врз здравјето и безбедноста на децата.

Предлогот на ЕУ е дел од европскиот закон за децата, кој во четврток ќе го претстават претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и извршната потпретседателка на ЕК за технолошки суверенитет, безбедност и демократија, Хена Виркунен.

Фон дер Лајен би можела да објави дел од деталите за предлогот во текот на утрешното обраќање за состојбата на Европската унија, во кое ќе ги претстави идните политики на ЕУ.