Австрија воведува „локдаун“ – Курц: Не можеме повеќе да ризикуваме

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Австрија најави „локдаун“, односно затворање на училиштата, факултетите и угостителските објекти. Ова го најави австрискиот канцелар Себастијан Курц. Затворањето почнува од вторник, и ќе трае до крајот на ноември.

„Ова е нужно иако не ми е лесно да го соопштам. Луѓето групирани седат дома заедно и гледаат телевизија и зборуваат дека не можат повеќе. Но ние не можеме да го ризикуваме недостатокот на места на интензивните оддели“, рече Курц.

Сепак, градинките ќе остант отворени.

Додека Курц ги објавуваше мерките, во центарот на Виена имаше протести против новите мерки.