Австриската полиција од денеска добива можност на лице места да ги казнува граѓаните кои нема да ги почитуваат мерките на австриската влада за борба против коронавирусот.
Кој нема да носи маска со која се покрива носот и устата на местата на кои е воведена обврската, а тоа се однесува на јавниот превоз, ќе мора да плати казна од 25 евра.
Кај сите други кршења предвидена е казна од 50 евра. Досега полицијата поднесуваше само прекршочни пријави, но од денеска ќе може да казнува на лице место како што се немање доволно растојание меѓу луѓето, а притоа властите на куќна адреса ги праќаа казните.
