Шефот на полицијата во Виена, изјави дека засега нема докази дека напаѓачот во тој град, имал помагачи.
„Засега нема индикации дека треба да остапиме од теоријата дека имало само еден напаѓач. Точното движење на напаѓачот од неговиот дом до местото на злосторството и натаму го испитуваме“, рече Џехард Пуерстл.
Нападот се случи на 2. ноември во центарот на Виена, а напаѓачот уби четири лица, и рани 20, при што е ликвидиран во акција на полицијата.
Полицијата потоа обелодени дека напаѓачот е со потекло од Македонија. Претходно одржувал затворска казна, поради тоа што сакал да се приклучи во борбите во Сирија.
