Во планинската област на Шри Ланка, 15 лица загинаа, а 16 беа повредени кога патнички автобус излета од патот и падна во клисура, соопшти денес портпаролот на полицијата Фредрик Вутлер.
Несреќата се случила во четврток вечерта во близина на градот Велаваја, околу 280 километри источно од главниот град Коломбо, рече тој, според Асошиејтед Прес.
Автобусот паднал во клисура длабока околу 300 метри, а меѓу повредените има пет деца.
