Aвтобус падна во река при качување на ферибот, најмалку 24 загинати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку 24 лица загинаа откако патнички автобус со околу 40 патници се урна во реката Падма додека се обидуваше да се качи на траект во Бангладеш, соопштија официјални лица во четврток.

Несреќата се случила во среда кога автобусот ја изгубил контролата додека се приближувал кон фериботот во Даулатдија, во округот Раџбари, на околу 100 километри од Дака, објави Ројтерс.

Автобусот се превртел и потонал на длабочина од речиси девет метри, соопштија од полицијата и од Службата за противпожарна и цивилна заштита.

Спасувачите извлекоа 22 тела од потонатиот автобус, меѓу кои шест мажи, 11 жени и пет деца, изјави Талха Бин Засим, службеник на противпожарната служба.

Досега се потврдени 24 жртви, вклучувајќи две жени кои починаа откако беа спасени, додаде тој.

Четири противпожарни единици и 10 нуркачи учествуваат во операцијата за пребарување и спасување, со поддршка на армијата, полицијата, крајбрежната стража и локалните власти.

На социјалните мрежи се појави и видео од инцидентот.

ВНИМАНИЕ! ВИДЕОТО Е СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА