По 4 дневната блокада, приватните превозници денеска одлучија да деблокираат две раскрсници во Скопје, кај ТЦ Мавровка и Црвен Крст. Автобусите се преместени на булеварот Илинден во близина на Град Скопје. Претставници на приватните превозници рече дека денеска ќе бараат средба со премиерот Димитар Ковачевски за да разговараат за решавање на проблемот со помошта од Влада.
По ова, претставниците на приватните превозници отидоа во влада за да достават барање за средба со Премиерот. Кога излегоа, немаа одговор дали средбата ќе се случи и кога.
Приватните превозници во Скопје неколку дена протестираа барајќи од Град Скопје, односно ЈСП, да им го исплати долгот, но до сега нема никакво решение од Град Скопје и ЈСП, од каде велат дека долгот е наследен а не од мандатот на сегашното раководство.
