Автомобил се забил во група луѓе во Берлин, меѓу нив и деца

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Според информациите на „БИЛД“, автомобил се забил во група луѓе во Берлин-Вединг денеска нешто после пладне.

Несреќата се случила околу 13:10 часот на Зештрасе на аголот од Донагештел во гланиот град на Германија.

Се вели дека меѓу повредените има многу деца, бидејќи на местото на настанот биле присутни неколку групи. Според првичните наоди, еден родител е тешко повреден, а неколку деца се полесно повредени.