Автопатот ќе се гради врз гробишта, протестираат жителите од село Здуње

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Жителите на село Здуње протестираа во знак на револт поради уништувањето на гробиштата. Трасата на автопатот на коридорот 8 минува врз гробиштата, затоа бараат прекин на работите.

-Работите што се одвиваат овде одземаат дел од селските гробишта, а ние како жители на село Здуње сме против ова. Раководството на џамијата Здуње и ИВЗ се тие кои замижуваа пред узурпирањето на ова место. Старото раководство на џамијата беше сменето затоа што се спротивставија на ваквата состојба, а џамијата и селските гробишта ја предадоа на ИВЗ и поради оваа причина денес ни ги одземаат гробиштата. Поминаа два месеци откако ја испративме петицијата до ИВЗ, но се уште нема одговор од никого. Велат божем се пожалиле, но немаме никакви документи, изјави Фарук Ферати, месна заедница Здуње, Гостивар.

Запрашан за ова, министерот за транспорт Александар Николоски рече дека договорот со компанијата го склучила минатата влада.

Проблем имаат и жителите на Бањица бидејќи автопатот им минува покрај куќите.