Претседателскиот кандидат, Џо Бајден вечерва на прес конференција рече дека на изборите забележан е рекорден број на гласачи дури над 150 милиони гласови.
„Ние сме влада на народот и за народот, оваа идеја е живе во Америка“, рече Бајден
Тој потенцираше дека народот е тој кој одлучува кој ќе биде претседател, а по долгото броење на гласови рече дека победуваат во голем број на држави.
„По долгото броење во текот на целата ноќ, доаѓаме од 270 електорски гласови, но јас не објавувам дека ние сме победници“, рече Бајден
Додаде дека во некои држави каде што Трам на последните избори имал предност од 20.000 гласови, сега толку тој има предност пред Трамп во истите тие држави.
„Бројот на нашите гласови ќе се зголеми. На пат сме да го освоиме историскиот број на гласови, повеќе од 70 милиони гласови“ – рече тој во обраќањето до нацијата
Инаку во шест држави се уште се пребројуваат гласовите и не е точно јасно кој е победникот таму.
