27 април 2017 година, безбедносните камери во Собранието регистрираат како пратеникот Крсто Мукоски ги отвора вратите на законодавниот дом. Толпата влегува внатре.
4 години подоцна, безбедносни камери во Капитол местото за средби на Конгресот на САД регистрира како еден човек ја напушта зградата притоа оставајќи ја вратата отворена. Толпата влегува во зградата.
„Тие не беа демонстранти – не осмелувајте се да ги нарекувате демонстранти. Тие беа разулавена толпа. Бунтовници. Домашни терористи. Тоа е толку базично. Тоа е толку едноставно“, истакна Џо Бајден.
Вака новоизбраниот претседател на САД ги нарече лицата кои упаднаа, а ова го потврдува обвинението на Вилма Русковска, која согласно членот 113 од Кривичниот законик ги гонеше лицата кои упаднаа, а сега и организаторите на 27-ми април.
„Апсолутно сметам дека е правилна одлуката на обвинителството, обвинетите и првите што беа во претходниот предмет обвинети и сега да подлежат под кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, вели Вилма Рускоска.
Две сценарија и двете реални во законодавната гранка. Четири години разлика и илјадници километри.
„Оние слики што ги видовме некако ми се вратија сликите од Собранието кај нас“, посочи Вилма Рускоска.
Дискутирајќи за тоа кој е виновен за упадот во македонскиот парламент, одбраната на рече дека нема пресуда со која Крсто Муковски се обвинува дека ги отворил вратите, на што реплицираше судијата Трпков.
„Не треба да има пресуда, кога сите ги гледавме снимките како пратеникот ги отвора вратите“, додава Илија Трпков.
ВМРО-ДПМНЕ три години зборува дека оние што влегоа во Собранието биле загрижени патриот, а лидерот, Христијан Мицкоски, постојано бара нивна амнестија затоа што тие не биле терористи, туку граѓани што си ја сакаат татковината.
Во предметот сведочеше и премиерот Зоран Заев кој вели дека главни осмислувачи на настаните не се лицата кои се на обинителна клупа туку тие се изманипулирани од екс-премиерот Груевски. Во првиот случај за упадот во Собранието беа обвинети 33 лица, 15 од нив беа амнестирани, меѓу нив и Крсто Муковски кој ги отвори вратите, а судијката Добрила Кацарска изрече 211 години затворски казни.
