Актуелниот американски претседател Џо Бајден, планира да отпише дел од долгот на Украина настанат преку економска помош, како и да воведе голем број други мерки за поддршка на напорите на Украина пред доаѓањето на администрацијата на Доналд Трамп.
Според американските медиуми, Бајден до Конгресот доставил изјава за намера да отпише половина од долгот на Украина за економска помош, во износ од околу 4,65 милијарди долари.
Дополнителниот пакет за безбедносна помош од 61 милијарда долари, што Конгресот и го додели на Украина во април, вклучуваше околу 10 милијарди долари економска помош како заем. Условите на понудата во тоа време му дадоа на Бајден моќ да прости до 50 отсто од тој заем.
„Го презедовме чекорот што го бара законот за да ги укинеме тие заеми, да ја обезбедиме таа економска помош за Украина, а сега Конгресот е добредојден да преземе иницијатива ако сака“, изјави за новинарите портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.
Милер додаде дека изјавата за намерите на Бајден била доставена до Конгресот минатата недела.
